ПЛАНСКО ОЗЕЛЕНУВАЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА КРУЖЕН ТЕК ДЕШМОРЕТ Е КОМБИТ

untitled492.png

 Опис и причина:

    Кружниот тек Дашморет е Комбит се наоѓа како позиција за спојување на следните улици и Булевари:

а.  Улици
– Мирче Ацев,
-135 ,
– Дашморет е Комбит (И.Л.Рибар*).
                         
 б. Булевари
– Благоја Тоска.
По неговата југозападна страна се наоѓаат станбените градски делови Поток, Цетинска, а по северо-источниот дел се наоѓаат спортско-рекреативните објекти, стариот и новиот градски стадион. Овој кружен тек го поврзува градскиот сообраќај со магистралниот пат (влез-излез) кој води кон граничниот премин Јажинце. Имајќи го во предвид горе изнесеното овој дел претставува важен сообраќаен и естетски објект за градот Тетово. Како рашение за растеретување на сообраќајот, но за да се заврши целокупниот естетски-урбанистички проект на овој кружен тек се пројавува потреба од  негово озеленување кое ќе придонесе во намалување на загаденоста на воздухот во тој дел.

Untitled.png

                  Untitled.pngПроект план:

а. Вовед

    Засадување на зимзелени растенија од видот Buxus на растојание по должина од 0,2 метри , Juniperus gold на површина од 0,25 m2, Juniperus communis на површина од 0,25 m2, Thuja occidentalis (Smaragd) на површина од 1,5 m2.

б. Позиции каде ќе се врши активноста

P-1 (Бекатонска стаза-круг)

  • Бекатонската стаза претставува граничник помеѓу коловозот и кружниот тек, кој ќе биде цел на активности (озеленување и уредување). Должината на бекатонската стаза е околу 100 метри, а широчината околу 50 сантиметри, односно тоа опфаќа површина од 50 m2 од површината на целиот кружен тек. За овој дел потеребни ќе бидат 50 m2 бекатонски коцки.

 P-n (Buxsus + granulat-круг)

  • На површина од околу 250 m2 ќе бидат потребни 5 m3 гранулат и во должина од околу 528 метри ќе бидат засадени 1584 растенија од зимзелениот вид Buxus на растојание на засадување na околу 33.33 cm.

Untitled.pngP-2 (Juniperus gold-круг)

  • На површина од околу 115 m2 ќе бидат засадени 345 растенија од зимзелениот вид Juniperus gold со  растојание на засадување  од 0,33 m2 во овој круг од кружниот тек.Untitled.png

    P-3 (Juniperus communis-круг)

  • На површина од околу 90 m2, ќе бидат засадени 270 растенија од зимзелениот вид Juniperus communis со растојание на засадување од околу 33 m2 во овој круг од кружниот тек.

Untitled.png

P-4 (Thuja occidentalis “Smaragd”-круг)

  • Овој круг на кружниот тек е централно поставен со површина од околу 55 m2 на кој ќе бидат засадени 30 зимзелени растенија од видот Thuja occidentalis (Smaragd).

Untitled.png

ЗАКЛУЧОК: На површина од околу 560 m2 на овој кружен тек ќе бидат засадени 345 растенија од видот Juniperus gold, 270 од видот Juniperus communis, 1584 од зимзелениот вид Buxus, како и 30 растенија од зимзелениот вид Thuja occidentalis (Smaragd). Во овој проект ќе бидат потребни 56o m2 црн најлон, 50 m2  бетонски коцки   и 12,5 m3 гранулат.

Untitled.png

                                                                         Шема 1 / Skema 1

 (Шематски приказ на кружен тек Дешморет е Комбит )

 (Paraqitja skematike e unazës Dëshmorët e kombit)

Работни операции:

  • Обележување на круговите (P-),
  • Изработка на бекатонската стаза (P-1),
  • Поставување на црн најлон,
  • Постилање со гранулат,
  • Правење на отвори за засадување,
  • Поставување на систем за наводнување (Какпка по капка).

 Потребна опрема и работна сила:

Untitled

ЗАКЛУЧОК Од горе наведените табели за засадување на зимзелените растенија од видот Buxus, Juniperus gold, Juniperus communis, Thuja occidentalis (Smaragd) како и бетонски коцки, систем за наводнување, црн најлон и гранулат  пресметани се потребни парични сретства за оваа работна операција : 

Untitled

Значење :

  • Исполнување и привршување на урбанистичко, естетски зацртаниот изглед на самиот дел од град Тетово,Д. Значење :
  • Овозможување и подигање на квалитетот на воздухот во овој дел на градот,
  • Овозможување на намалување на бучавоста.

 Одржување:

За одржување во понатамошниот тек на завршените работни операции кои се предвидени во овој проект ќе биде ангажирана работна сила, алат и механизација која ќе биде во обврска и сопственост на ЈКП Тетово-Тетово.

18452790_10210959547402980_1128867313_o5

cropped-cover.png

Advertisements